Водата од левата и десната јавна чешма на локацијата „Тасино чешмиче“ во Скопје не ги исполнува пропишаните стандарди за пиење. Ова го покажале најновите бактериолошки анализи доставени до Општина Центар од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Според официјалните лабораториски резултати од извршените испитувања, во мострите од водата е утврден зголемен вкупен број на колиформни бактерии, што претставува ризик за здравјето на граѓаните.
Поради ваквата состојба, градоначалникот Горан Герасимовски упати јавен апел и ги повика граѓаните воопшто да не ја користат водата за пиење од овие јавни чешми сè до добивање нови и безбедни резултати од следните контролни испитувања.
