Кошаркарите на Германија ја совладаа селекцијата на САД со 113:111 и го приредија најголемото изнеднадување на Светското првенство во кошарка.

Германија во финалето ќе игра против Србија која утрово ја победи Канада со 95:86.

Финалето ќе се одигра в недела од 14.45 часот по европско време.