Горниот дом на германскиот Парламент (Бундестагот) денеска ја одобри реформата на Законот за државјанство, со што се олеснува процесот на натурализација на странците.
Според новите правила, странците кои сакаат да добијат германско државјанство сега ќе можат да го задржат и пасошот од матичната држава. Исто така ќе може да се аплицира за германско државјанство по пет години престој во Германија, наместо досегашните осум. Децата на родителите од странство, исто така, ќе можат да добијат германски пасош при раѓање, ако еден од родителите легално престојувал во Германија пет години, наместо претходните осум.
Доколку апликантите покажат дека постигнале високи резултати во нивната интеграција преку добри перформанси на училиште или на работа или преку граѓански иницијативи, тие може да добијат германски пасош по само три години престој.
Важен елемент на новиот закон е дека лицата кои добиваат германско државјанство не мора нужно да се откажат од пасошот на земјата во која се родени, што досега беше можно само за жителите на земјите-членки на ЕУ.
Исто така, на Германците кои сакаат да станат државјани на друга земја нема да им требаат посебни документи од германските власти.
Реформата беше одобрена во Бундестагот пред две недели.