Челникот на Сојузот на германските работодавачи, Штефан Кампетер, изрази задоволство што ќе дојде крајот на „непотребното мешање на политиката во работните процеси“. Ја повтори критиката од работодавачите кои остро се противеа на одредбата за задолжителната понуда за работење од дома, која владата ја воведе на почетокот од април минатата година.

-Работодавачите и самите, без наредбите одгоре, добри го регулира правилото за работење од дома секогаш кога тоа беше возможно, рече Кампетер.

Истовремено синдикатите и некои партии бараат долготрајна законска регулација на работењето од дома. Претседателот на Герменскиот сојуз на синдикатите (DGB), Рејнер Хофман, изјави дека последните месеци покажаа дека многу работиници посакуваат „здрава мешавина од работа на работното место и можноста за мобилен труд“.