-Финансиите на германската сојузна влада се во критична состојба и наредната влада ќе мора да ги консолидира, соопштила денеска сојузната ревизорска канцеларија, предупредувајќи ги партиите кои работат на формирање на владејачка коалиција и кои размислуваат за ново задолжување.
Социјалдемократите на левиот центар (СПД), припадниците на Зелените и пробизнис ориентираната партија на Слободни демократи (ФДП) се соочуваат со проблемот на огромната потрошувачка, а во разговорите за сојузните финансии се согласиле на строгите ограничувања во задолжувањата да се вратат од 2023-та година, и да избегнат зголемување на даноците, пренесува “Reuters”.
Избори запознаени со разговорите на партиите за британската агенција рекле дека се разгледува поголемо федерално задолжување следната година за да се овозможи вбризгување на еднократна финансиска инекција од повеќе милијарди евра во владиниот инвестициски фонд за климата.
Меѓутоа, сојузната ревизорска канцеларија во извештајот, подготвен за Бундестагот, ги предупредила на опасноста од фискалното изобилие.
-Ситуацијата е сериозна. За финансиите повторно да бидат одржливи, новата влада мора да делува веднаш. Финансиите се во критична состојба. Чекањето и надежта за подобри економски времиња нема да бидат доволни да се обнови финансиската одрлживост, пишува во извештајот на сојузното ревизорско тело.
Економските сојузници на владата, чии прогнози се насоки на извршната власт во креирањето на фискалната политика, денеска ја намали проценката за економскиот раст во најголемата европска економија за 2021-ва година на 2,7 проценти во однос на проекциите од март од 3,1 процент, поради тесните грла во ланецот со снабдување и ограничувањето во производните капацитети во глобалната економија.
Берлин се соочува со многу фискални проблеми и предизвици за кои не се пронајдени решенија, соопштила канцеларијата, наведувајќи ги, меѓу другото, борбата против климатските промени, стареењето на населението и ризикот од пораст на каматните стапки.
Комесарот на канцеларијата за административна ефикасност препорачал мораториум на расходите, кој бара финансирањето на секоја нова мерка да се реализира со укинување на издатоците за некои други мерки. Трите партии кои ги водат коалициските преговори сакаат да постигнат договор за формирање на нова влада пред Божиќ.