Доказите кои ги собраа Германците ќе се вештачат во лабораториите во нивната земја, по што тие треба да ги достават резултатите во Јавното обвинителство во Тетово.
Во исто време, Обвинителството за организиран криминал и корупција ја „чешла“ документацијата за јавните набавки на сите модуларни болници, меѓу кои и за тетовската.
Обвинителството за организиран криминал и корупција е надлежно само во делот на јавната набавка и само тоа ќе се проверува, дали се испочитувани процедурите. Оваа набавка одела и според посебен закон кој го има донесено Владата. И само тоа е наша надлежност, другото не, изјави обвинителката Вилма Русковска.