Вчера во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од Гевгелија затоа тоа што извршил обљуба врз малолетник од истиот град.
Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, лицето било задржано во Полициската станица во Гевгелија, а за настанот било запознат и јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.
Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, освен дека по документирање на случајот во текот на денот осомничениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.