Во Тетово се приведени две лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик. Станува збор за М.Ц. (27) од Тетово и К.З. (31) од село Боговиње, со престој во Тетово, кои биле лишени од слобода на 21 септември во 20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово.

Двајцата биле задржани во полициска станица, а истата вечер, врз основа на наредба од Основниот суд Тетово, бил извршен претрес во домот и помошните простории на К.З. во Тетово. При претресот биле одземени куршум и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, соопшти МВР.

По целосното документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следуваат соодветни поднесоци.