„Во октомври во Пекинг ќе се одржи првенство на роботи-воини на кое ќе учествуваат хуманоидни и четириножни роботи“, соопшти Комитетот за управување со економската и технолошка развојна зона на Пекинг. Досега се пријавиле 24 екипи.

Натпреварот „Предизвик на роботите-воини“ ќе се одвива во ризични средини во кои ќе мораат да извршуваат тешки задачи во вонредни ситуации, проследени со природни катастрофи. Со ова ќе се увидат нивните способности за следење и управување со урбаната инфраструктура. Целта на настанот е да се забрза развојот и примената на роботиката во реални услови.

Учесниците-роботи ќе се натпреваруваат во 14 предизвици со различни пречки, искачувајќи се по стрмни падини, урнати мостови и урнатини.

Организатор на натпреварот е технолошката компанија „Шангјиченг“ од Пекинг. Настанот ќе се одржи на 17 и 18 октомври.