Првпат беше откриен во Перу, за краток временски период, од локален вид, со само неколку случаи, стана доминантен и одговорен за 80 проценти од инфекциите во таа земја, пишува австралиски „Скај њуз“.
Од таа причина, научниците од Универзитетот во Сантијаго, Чиле, спроведоа студија, во која ја испитаа отпорноста на овој вид на заштита обезбедена од антитела. Првите резултати од оваа неовластена студија се загрижувачки.
Ламбда се чини дека е позаразна и може да ги заобиколи антителата, што може да се покаже како проблем во иднина.
Врз основа на собраните податоци, научниците во студијата дошле до заклучок дека новиот вид, обележан како c.37, е позаразен од соевите кои во моментов се во оптек (алфа, гама, делта). Уште позагрижувачка е фактот што ламбдата е во можност да ги заобиколи антителата кои го штитат организмот од повторна инфекција.
Она што го разликува овој вид од другите е специфичноста на спајк протеинот на вирусот, со кој тој се прикачува на човечката клетка и ja инфицира. Овие протеини кај ламбдата му даваат на вирусот поголем потенцијал за избегнување на антитела
Џеф Барет, директор на Иницијативата за геномика на ковид 19 во Институтот Сангер во Велика Британија, вели дека варијантата ламбда има прилично „необичен сет на мутации“.
-Тешко е да се разбере опасноста што ја носи ламбда, толкувајќи ги само компјутерските и лабораториските податоци. Сепак, има доста невообичаени мутации, ако ги споредиме со другите варијанти
Научниците понатаму се интересирале дали антителата добиени со вакцинација успеваат да ја запрат инфекцијата. Тие тестирале антитела од вработени во нивниот институт, претходно вакцинирани со вакцината „КороваВак“, од кинески производители.
Иако нивните податоци не се целосни, она што тие беа во можност да го видат е дека новата варијанта е позаразна и поотпорна на антитела добиени од вакцини – или барем антитела на тој вид вакцини.
Првите податоци покажуваат дека мутациите присутни во спајк протеинот во сојот ламбда даваат зголемена инфективност и можат да избегнат антитела предизвикани од инактивирана вакцина.
Податоците се нецелосни со цел да се извлечат јасни и недвосмислени заклучоци, но едно е веќе сигурно – новиот вид има голем заразен потенцијал.