Не минува ден а сета македонска, а да бидеме и попрецизни, и меѓународна јавност почнува да се чуди на деталите во неговите набавки. Тоа што за Златко Марин се цитирам „само лаги и непроверени информации“, се податоци од документи за направените набавки на општината раководена од Златко Марин и од СДСМ во Аеродром, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Па со ред, човекот за едно метро дрвена даска, талпа, плаќа 300 евра! Без ДДВ.Па, еве јас се потрудив и завртев по неколку компании кои што работат со граѓа, и дојдов до цена за едно метро, дрвен столб, од ламинирано дрво, со дебелина 10 на 10 см, или 98 на 98 милиметри какви што купил Марин, и цената е 10 евра за едно метро! Со тоа што, ако купиш повеќе, цената се намалува. Така ми кажаа од компанијата, рече Стоилковски.

Портпаролот Стоилковски побара градоначалникот Марин даобјасни како стигнале до цена од 18.062 денари и 50 дени, за едно метро колку што пишува во нивните документи што е разлика, како што вели, од оние десет евра кои што ги добив јас само по телефон?

-Не знам како работат во Аеродром, но јас дојдов до цените со само три телефонски повици и еден интернет пребарувач,Одиме понатаму. Златко Марин платил, набавил, едно метро метална цевка, со дебелина Фи 40, значи четири сантиметри, по цена од 7.650 денари! Повторно цена без ДДВ, рече Стоилковски и додаде: И повторно, завртев телефонски броеви и во неколку соодветни продавници, најдов вакви производи, по малопродажна цена од верувале или не – 1.000 денари за цела цевка од шест метри!, продолжи Стоилковски.

И оттука, не е чудо што Марин плаќа железни скалички речиси 200 евра за метар, не е чудо што плаќа една ПВЦ врата за 40.000 денари, една клупа за во парк без наслон за 350 евра, или еден кош, односно една железна шипка свиткана во круг за цели 250 евра.

-Ѓаволот се крие во деталите. Тоа е и основното начело во јавните набавки или во разгледувањето, ревизијата на јавните набавки. Не се разгледува само целиот тендер, туку поединечните ставки во него. Тука во деталите се крие можната корупција или можниот криминал. На пример, можеби не би ве чудело ако тендер за бандера за осветлување во Аеродром чини, да речеме 1.500 евра, но ако ги знаете деталите дека за лед сијалица е платено 800 евра, а за целиот столб од 4 метри 550 евра – е тука веќе сомнежот е огромен и веројатно основан, откри Стоилковски.

Единствено што изградил Златко Марин во Аеродром се тендери со нереални ценовниците. Ваквите детали, поединечни цени за чешми, цевки, железа, шипки, врати, откриваат многу за домаќинското или недомаќинското работење во Аеродром. Еден ден сето ова ќе оди на ревизија, документацијата не лаже, и верувајте одговорност ќе има“.