Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Во периодот од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „1″ во село Ржаничино, Општина Петровец, а од 9 до 13 часот корисниците од улицата „Наум Евро” од бр. 2 до бр.14 во Општина Карпош.

Без струја утре од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Радуша, Општина Сарај, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата „Саса”, крак 18 и крак 32 во Општина Кисела Вода.

В петок без струја од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од населбата Стопански Двор, поточно делот во околината на фирмата „Галафарм” во Општина Ѓорче Петров.

Прекин во водоснабдувањето утре од 8.30 часот ќе имаат дел од жителите на Општина Карпош, лоцирани на улиците „Женевска” и „Хаванска”. Прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Женевска” 39. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со активностите.

Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Топанска” бр.15, утре од 8.30 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „Прохор Пчински” и дел од улицата „Седми Јули” во Општина Чаир.