Новак Ѓоковиќ го откажа тренингот закажан за 12:15 часот по локално време, на еден ден пред почетокот на Австралија опен.
Ова не мора да значи нешто лошо, можно е и Ноле да решил да тренира во затворен простор поради променливото време, но постои загриженост поради неговиот проблем со задната ложа.
„Малку се мачам со тоа, да бидам искрен, но се надевам дека нема да имам премногу грижи. Засега можам да тренирам и да се натпреварувам. Тоа е позитивен знак. Малку сум повнимателен, не одам со полна сила на тренинзите, штедам енергија за следната недела. Се надевам дека тогаш нема да ми биде проблем“, рече Ѓоковиќ на прес-конференција во петокот.
Ѓоковиќ е деветкратен шампион во Мелбурн, а првиот меч на овогодинешниот турнир ќе го одигра во вторник, против Шпанецот Роберто Карбалес Баена.