Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да има можност да се бори за десеттиот трофеј на Австралија опен. Србинот по повеќечасовно убедување со австралиските власти, не доби виза за влез во земјата.

Новак Ѓоковиќ во многу скоро време би требало да ја напушти Австралија, пренесува „The Age“.

Граничните власти побарале тој да ја напушти земјата.

Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жалба на ваквиот епилог.

Српскиот тенисер вчера полета кон Австралија со надеж дека ќе добие дозвола за влез во земјата и покрај тоа што не е вакциниран. Тој се повика на медицинска потврда за ослободување од вакцинација, но очигледно тоа не му помогна да игра на Грен слемот во Мелбурн.

Во меѓувреме, навивачи на Ѓоковиќ почна да се собираат на аеродромот во Мелбурн за да му искажат поддршка.