Најдобриот светски тенисер сега го дели само една победа од календарски грен-слем, кој последен пат го освои Род Лејвер во 1969 година, како и од рекордна 21 титула на најголемите турнири со што ќе ги надмине Роџер Федерер и Рафаел Надал (20).

Српскиот тенисер, исто така, дојде и до своето рекордно деветто финале на грен-слем турнирот во Њујорк со што ги надмина Пит Сампрас и Иван Лендл.

Противник на Ѓоковиќ во утрешното финале на стадионот „Артур Неш“ ќе биде вториот тенисер во светот Данил Медведев, кој во првото полуфинале без поголеми проблеми со максимални 3-0 во сетови (6-4, 7-5, 6-2) го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим (15 на АТП листата).