На новинарско прашање околу „најдобриот во историјата“, првиот светски рекет не се штедеше и целосно кажа зошто мисли дека тој е на самиот врв, во однос на конкуренцијата.

-Секако дека се сметам за најдобар на сите времиња. Ако не верував на тој начин, немаше да зборувам за Грен слемите и да испишувам историја со самодовербата со која го правам тоа.Во последниве години еднаш реков дека е многу тешко да се споредат различните тениски ери. Сега имаме различни рекети, технологија, топкчиња и терени. Играме во сосема различни услови во однос на другите периоди. Не беше исто се игра во 50-тите години како што е сега , смета Србинот.

Со 20 Грен слем титули, Ѓоковиќ сега се израмни со вечните ривали на врвот на листата најуспешни тенисери на големите турнири. Негова намера до крајот на сезоната е да го комплетира освојувањето на сите трофеи, а му преостанува само УС Опен.