На форумот се обратија повеќе сенатори и конгресмени од САД, како и голем број на тематски експерти. Домаќин е поранешниот конгресмен Роберт Питинџер, а на конференцијата учествуваа повеќе од 100 пратеници од светот.
Ѓорчев се сретна со конгресмените Роберт Адерхолт и Френч Хил. Ѓорчев се заблагодари на конгресмените за нивниот придонес кон македонско – американските односи, додавајќи дека Македонија и САД се посветени да ја развиваат соработката меѓу двете држави.
Исто така, продолжува сојузништвото во рамките на НАТО, како и одличните билатерални односи меѓу Македонија и САД.