– Ова е “Апсурдистан”. Ова е слепата улица на една безидејна влада која што решила и да умира народот тие да си ги направат своите инаети, своите политички договори. Дали Зоран Заев поради ветување на коалициониот партнер дека ќе направи попис, спротивно на ЕУРОСТАТ и Обединетите нации, треба да имаме дополнително уште две илјади или две илјади и петстотини мртви. Едноставно не е безбедно. Ете Србија со 2 милиони вакцинирани го откажа пописот, Албанија го откажа, Бугарија во декември го откажа пописот, Хрватска, Германија и така натаму. А нашиве некадарници, со скандали во набавка на вакцини, со најголема смртност, со трет бран, со недоволно попишувачи, на инает и по цена на човечки жртви ќе го спроведуваат пописот, истакна Ѓорчев.

Тој смета дека тоа е една неразумна политика. Во името на јавното здравје разумно е да се пролонгира пописот, затоа што состојбата во моментот во Македонија не е нормална.

– Затоа барам и апелирам до градоначалниците на СДСМ кои што за некој месец ќе ја побараат довербата на граѓаните, да изберат помеѓу диктатот на Зоран Заев и јавното здравје и животите на нивните граѓани, посочи Ѓорчев.