Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на парламентарниот форум за безбедност во Вашингтон кој се одржува во Сенатот на САД.
Главни теми на форумот се војната во Украина, состојбата во Европа и светот, сајбер безбедноста, енергетската криза и други поврзани теми.
На форумот ќе се обратат сенаторите Том Тилис, Бил Кесиди, Синтија Луминс и Џејмс Ланкфорд, како и 10-тина конгресмени и претставници од институции и организации од САД.
На форумот учествуваат околу 200 учесници, како и пратеници од САД, Европскиот парламент, Канада, Велика Британија, Германија, Украина, Италија, Шпанија, Франција итн.