Како што информираат од општината, во оваа градинка, денот го минуваат 230 дечиња, а неодамна, тука се извршила и замена на фасадата со нова, термоенергетска, како и замена на олуците.

Дополнуваат дека од обиколката било констатирано дека е потребна замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати, санација на таваните во занималните, како и санација на покривот на овој објект.

– Ќе работиме на подобрување на условите не само во „Сончоглед“, туку и во сите градинки низ општина Кисела Вода, а проблемот со преполнетите капацитети ќе се решава со изградба на нови градинки, потенцирал градоначалникот Ѓорѓиевски, пренесуваат од општината.

Објектот „Сончоглед“ е лоциран на улица „Локов“ во населбата Кисела Вода.