На територијата на град Скопје изречени се вкупно 86 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 10 санкции за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возење под дејство на алкохол, четири за непрописно престигнување и обиколување.

-Сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.