СДС е 7 години на власт. За 7 години можеа досега целата држава да ја опфатат со автопати, мостови и се што недостасува во инфраструктурата. Но, тие секогаш кога ќе заглават се фокусираат на минатото како било и раскажуваат приказни во јавноста. Но, за 7 години чуда се случуваат, за 7 години држава се гради, а тие не можат за 7 години да довршат автопат кој е почнат пред 10 години, тоа е жалосно, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода во гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на Алфа телевизија.
Ѓорѓиевски посочи дека СДС не може да реализира еден проект во однос на инфраструктурата односно автопатот Кичево-Охрид, од две причини, првата бидејќи нема доволно капацитет, а второ поради провизии.
И тука се клучни две работи. Прво, немањето на власта доволно капацитет и недоволната ажурност од страна на власта да спроведе еден проект. А втора работа се провизиите, смета тој.
Ѓорѓиевски потенцираше дури и изградбата на коридорите 8 и 10д нема поместување, иако таму власта се сликаше на 10 локации.
И со Бехтел и Енка гледате што се случува, таму се сликаа на 10 локации. Но, каде и да поминете на тие точки, може да видите дека нема никакво поместување, рече Ѓорѓиевски.
Според Ѓорѓиевски поголеми неработници од владата на СДС и Ковачевски нема видено.
И премиерот и министрите би биле успешни во други професии на пример, мислам дека навистина добро им лежи глума. Но, во овој дел кога треба да се сработи посериозно нешто јас поголеми неработници немам видено никаде, посочи тој.