Либерално-демократската партија, ЛДП, остро го критикува симнувањето на знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од јарболот пред црквата Свети Наум Охрид и замената со албанско знаме кое се вееше над црквата.

-Од Либерално-демократската партија тврдат дека нападот е насочен и кон следбениците на МПЦ-ОА и кон свештениците. Овој чекор ги става луѓето во позиција на страв и грижа за тоа колку се лоши работите, ова е ужасен акт кои  ги омаловажува и потиснува верските и националните чувства на македонците.

Ваквите намерни дејствија не им помагаат на луѓето да живеат заедно, да се толерираат едни со други или да ги разберат меѓусебните разлики. Оваа акција иде спротивно на секое начело на соживот.  Многу партии ќе го искористат својот испробан и вистинит метод за повикување на национализам и реторика на омраза и насочување на гневот кон оние кои припаѓаат на друга етничка или верска заедница, ова е испитан предизборен метод што секогаш ги разгорува страстите.

Некои политички групи се подготвени да играат валкано за да ја добијат или задржат  власта, а ваквите методи и картата на национализам и омраза се чува и фрла на маса во случај на потреба на политички поени..

Имаме барање до албанскиот политички блок да го критикува овој ужасен чин на сквернавење на црковното знаме, бидејќи мислиме дека и повеќето Албанци се против разгорување на верска и етничка нетолеранција. Со критика од цел албански политички блок,  се надеваме дека ќе ги спречиме идните лица и потенцијални сторители кои можеби ќе сакаат да предизвикаат проблеми од овој тип, да го направат ова. Акции од ваков тип штетат на Македонија, соживотот и европската перспектива

ЛДП е политичка партија во која членуваат припадници на многу религии и етнички групи и малцинства. Сметаат дека сите сектори во земјата и во власта треба да се подобрат, да се дискутира како едно мултиетничко општество со инклузивност и да се задоволат стандардите на западноевропските земји во општество со луѓе од различни етнички и верски  групи.

Либералите силно веруваат во идеите за слобода, еднаквост и меѓусебно почитување. Сакаме да ги промовираме овие либерални идеи во нашата земја и да работиме на европската либерална идеја  „Обединети во различностите“ да стане реалност.. Мислиме дека можеме да ја достигнеме нашата цел ако работиме сите заедно.

Извор: 4 news