Тие ги обвинија локалните власти во Струга дека без срам излегле да се пофалат со својот криминал и да ги измамат граѓаните. Според нив, во Струга главен проблем не се шестте платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето.

– Секретарот на општина Струга, пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, додека корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба. Последните недели има најмалку 3 кривични пријави за дивоградби изградени во последните три години во кејот на езерото, од луѓе блиски на Рамиз Мерко и неговата партија. Денешната акција е една медиумска фарса во стилот на Артан Груби, велат од Алијанса за Албанците.

Оттаму бараат одговорност за палењето трска околу кејот предизвикувајќи еколошка катастрофа, непоправлива штета на флората и фауната.

– Денес, Мерко призна дека веќе четири години немал план за развој на туризмот за младите и жителите на Струга, најавувајќи дека на крајот на мандатот ќе бара од владата и УНЕСКО да има дадат план. Денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ. Тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите. Се обидуваат да се прикажат дека чистат депонии обидувајќи се да ги маскираат нивните злосторства, со цел да останат на функција и да се вратат во старите методи на управување, со криминал, хаос, диви депонии корупција и лошо менаџирање. Жителите на Струга, не може ниту да ги измамите, ниту да им ја потцените нивната интелигенција“ додаваат од опозициската партија.

Тие порачаа дека на стружани веќе им е јасна разликата на управување со општината од Алијанса за Албанците и ДУИ. Според нив, во октомври нема да помогне, како што велат, ниту тендер коалицијата ниту кражбата на гласовите.