Во Трст за малку бил избегнат дипломатски скандал откако италијанската полиција при акција го запрела српскиот конзул, помешувајќи го со опасен бегалец, објавија италијанските медиуми.

Српскот конзул го помешале со опасен бегалец

Како што пишува Telefriuli, за време на полициска операција дошло до замена на идентитетот, при што лице за кое се сметало дека е сериозен бегалец било запрено за контрола, но подоцна се утврдило дека станува збор за српскиот конзул во Трст.

Според медиумот, настанот се случил на 6 јануари, во пресрет на православниот Божиќ, пред црквата „Света Троица“, во близина на каналот Понтеросо, каде што се одржувале богослужбени активности по повод празникот.

Во тој период, пред црквата биле распоредени припадници на италијанската државна полиција, кои дејствувале во координација со „Интерпол“, откако било пријавено дека во Трст, токму по повод празникот, престојува опасен српски бегалец баран низ Европа. Според достапните информации, се верувало дека лицето присуствува на литургијата.

Полицијата го чекала осомничениот пред црквата и веднаш по завршувањето на службата го запрела лицето кое по изглед, црти на лицето и други детали силно наликувало на лицето од потерницата.

Сепак, како што наведува Telefriuli, станувало збор за вршителот на должноста конзул на Република Србија во Трст, Никола Пауновиќ. По извршените брзи проверки бил потврден неговиот идентитет, по што случајот бил затворен, а на дипломатскиот претставник му било врачено официјално извинување.

ГО ПОМЕШАЛЕ СО ОПАСЕН БЕГАЛЕЦ