Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, објави досега невидена фотографија од принцот Луис по повод празникот Ноќта на вештерките. Оваа објава предизвика големо внимание во јавноста и кај љубителите на британското кралско семејство.
Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот Луис имал само една година.

Кадарот го снимила самата принцеза во Норфолк. На фотографијата се гледа насмеаниот едногодишен Луис покрај голема тиква, облечен во син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми.
Сликата беше објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, придружена со кратка порака.
„Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс“, стои во официјалната објава.
