Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со Одделот за специјални полициски операции вчера го лишиле од слобода В.В.(40) од скопско Арачиново.

По претходно добиена судска наредба и преземени мерки и активности, информираа денеска од МВР, бил извршен претрес кај осомничениот, поради постоење основано сомнение за кривично дело „уцена“, предвидено и казниво по чл.259.

– Имено, пријавениот подолг временски период го уценувал оштетениот И.И.(73) од Скопје со видео материјали со компромитирачка содржина, при што во неколку наврати успеал да му изнуди околу 9000 евра. Против пријавениот од страна на СВР Скопје – Единица за насилен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, каде од страна на Основен суд Скопје му е одредена мерка притвор, појаснуваат од МВР.