ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје ги демантира гласините за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија.
Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка.
Одделот за неврологија функционира непречено, со давање соодветна здравствена заштита на пациентите.
Сигурноста на персоналот и пациентите е наше мото и сите сме целосно посветени на тоа.
ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје е посветен и пружа здравствена заштита на нашите пациенти на највисоко ниво“ – велат од болницата.