Вистинското прашање на кое што денес треба да одговорат од клептоманската СДС на македонската јавност е дали Ковачевски дезертирал од АРМ во 2001 години, правејќи се трајно неспособен, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Течат 24 часа рок на кој што очекуваме од Ковачевски да одговори на прашањата за неговото дезертерање од Армијата на Македонија. Навистина е нехумано тоа што младиот Каевски денес го пуштија да го спасува дезертерот Ковачевски. Што се однесува до темата Данела Арсовска, јасно е дека дезертерот премиер Ковачевски си ја црпна дезертер градоначалничката Арсовска, која што седи во скутот на клептоманската СДС, затоа што е уценета. Арсовска е уценета со кривични пријави како што е скандалот со прочистителната станица за Скопје и за уште нерасчистеното дело за палење на автомобилот на претседателката на стопанските комори, за кое има сомнение дека позади него стои лично Данела Арсовска, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од денес па понатаму Данела Арсовска ќе ја третираме како дел од дезертерската коалиција на антимакедонската СДС, додаваат од таму.