Потрошувачките цени се зголемија за 5,2 отсто на годишно ниво во ноември, по растот од 4,5 отсто во октомври, соопшти германската статистичка служба, според првата проценка од крајот на ноември.

-Стапката на инфлација се зголеми шести пат по ред и го достигна највисокото ниво оваа година во ноември. Повисока стапка на инфлација беше измерена пред речиси 30 години. Во јуни 1992 година беше 5,8 отсто, рече претседателот на Дестатис, Георг Тиел.

На месечно ниво, потрошувачките цени паднаа за 0,2 отсто, по растот од 0,5 отсто во октомври, пред се поради сезонскиот пад на цените на пакетите, за 21,6 отсто. Енергенсите поскапеа за 1,8 отсто, а храната за 0,5 отсто во однос на претходниот месец.