Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Пекинг откако во четвртфиналето го совлада најдобриот тенисер во моментов, Германецот Александер Зверев, со 2:1 во сетови за 2 часа и 35 минути игра.
Ѓоковиќ направи пресврт откако ривалот поведе со 1:0 во сетови со 6:4 во гемови, по што ги доби следните два сета со 6:4 во гемови и го реши мечот во своја корист, искористувајќи ја втората меч-топка. Со оваа победа, Ѓоковиќ има скор од 32 победи во исто толку меча на овој турнир во Пекинг.
Утре во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Данил Медведев, кој со 2:0 во сетови го победи Франциско Серундоло. Во второто полуфинале ќе се соочат Алекс Де Минуар и Хуберт Хуркач. Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 4.089.385 американски долари.
