Се појави пожар во полигонот Криволак на подрачјето на Неготино, информираат дежурните екипи во ТППЕ Неготино.

Стапено е во контакт со Воениот Полигон Криволак и не известија дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен.

– Точното време на појавување не е познато, но се смета дека најверојато пожарот се појавил во ноќните часови. Изутрината се известени од дежурниот во Полигонот, информираат од РЦУК Велес.

Оттаму додаваат дека моментално никој не интервенирал бидејќи теренот бил непристапен. Поради оваа причина, за пожарот известени се надредените во АРМ и е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот терен, потенцирајќи дека пожарот е од поголем обем.