Неидентификуван проектил го погодил патничкиот Терминал 4 на меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, по што избувнал пожар. За нападот соопшти Турки ал Малики, портпарол на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Во исто време, саудиската противвоздушна одбрана пресретнала и уништила крстосувачка ракета во реонот на аеродромот. Воената коалиција, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, за нападот ги обвини Хутите.

Во нападот врз аеродромот вчера загинале 12 лица, а повеќе од 300 биле повредени.