Грчката противпожарна служба со 182 пожарникари, седум пешадиски тимови, 62 возила, со 17 авиони, три хеликоптери и со помош на цистерни од општината и волонтери, се обидува да го стави под контрола пожарот.
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека прават се што можат за да се ограничат огнените јазици.
Пожарот е во планински дел, а полицијата во одредени делови го прекина сообраќајот за возила.