Протести го одбележаа престојот на албанскиот премиер Еди Рама во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на Обединетите нации. Група демонстранти јавно го изрази незадоволството од неговата политика, извикувајќи „мафија“.
За време на протестот кон албанскиот премиер биле фрлани јајца и други предмети.
Рама подоцна реагираше преку социјалните мрежи, каде што упати остри зборови кон демонстрантите и ги нарече „хистерични кокошки“.
„На оние кои се нагрнаа со албанското знаме и клукаа по улици како хистерични кокошки, имам да им кажам само едно: Тоа знаме јас го имам кренато највисоко што било некогаш во очите на светот“, напиша Рама на „Икс“.
🇦🇱 Protesters threw eggs at Albanian PM Edi Rama in New York.
Rama called the protesters “hysterical chickens.” pic.twitter.com/IaLIbHBvGn
— kos_data (@kos_data) September 25, 2026
