Голем пожар беснее над Штип, откако попладнево огнот избувнал по удар од гром над викенд-населбите Плуждино и Новакова Чешма.

Пламенот потоа се проширил кон ридовите над градските гробишта, каде што се зафатени површини со трева и грмушки. Од градот се видливи големи огнени јазици.

На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип, кои интервенираат со сите расположливи средства.

Засега нема информации за повредени лица.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, најави вонредна прес-конференција, на која ќе информира за справувањето со пожарот и за евентуалните ризици по населените места