Тргувањето со криптовалути било само параван, а BitLucky била пирамидална шема. Голема крипто измама ја тресе Хрватска. Повеќе од 800 лица измамени, украдени приближно 70 милиони евра, фирмата затворена а директорот избегал од Хрватска.
Со ветувања за големи приноси, кои достигнувале и до 100 проценти, првиот човек на компнијата од Риека, Лука Буразер, успеал да измами голем број на Хрвати кои во трка по профит, ја вложиле својата заштеда.
„На веб-страницата воопшто не се споменува дека се занимаваат со тргување на виртуелни валути и дека работат некој сличен бизнис. Доколку сте вклучени во каков било вид финансиска инвестиција, треба да отидете на веб-страниците на Министерството за финансии и да проверите дали е регистрирана таква компанија. Прашањето е во што точно се вложени парите, дали навистина се инвестирани во некој вид крипто средства. Знаеме дека е многу ризично и ако не се занимавате со тоа, не е многу препорачливо да инвестирате.“ – изјави Анте Жигман претседател на управен одбор на хрватсата агенција за надзор на финансиските услуги.
Според експертот за криптовалути, Дарко Симуновски, сите кои сакаат да инвестираат, мора претходно добро да се едуцираат..особено пак треба да се избегнуваат сите платформи каде се наведува дека инвеститорот ќе има фикнес приход со каматна стапка за вложените средства…
Од хрватското обвинителство велат дека неколку години фирмата функционирала без проблем а инвеститорите добивале високи приходи, но кога крипто пазарот се соочил со криза, се урнал и бизнис моделот на кој се засновала хрватската компнија. Наводно од фирмата изчезнале речиси 70 милиони евра, пари кои инвеститорите мѕу ги дале на директорот да управува со нив. Голем број на Хрвати вложиле и по неколку десетици илјади евра.