Како што јавија српските медиуми, во тек е голема полициска акција против таканаречените „антиваксери“, а подоцна се очекува и соопштение од српското МВР.

Претседателката на движењето „Живеам за Србија“, лекарката Јована Стојковиќ попладнево ќе биде приведена во Палатата на правдата на сослушување во Обвинителството за високо технолошки криминал, јавија некои од српските медиуми.

По сослушувањето ќе биде познати дали обвинителството ќе бара од судот да и одреди некоја мерка за забрана или притвор.

Според медиумите, Стојковиќ е позната по своите антивакцинални ставови и ставови кои се во спротивност со сите официјални препораки и мислења на медицинската струка.

Сопругот на Стојковиќ по распитот во полиција е пуштен да се брани од слобода и, како што изјави, против него е поднесена кривична пријава за попречување на службено лице во вршењето на своите должности, бидејќи го снимал претресот во нивниот дом и се расправал со полицијата.