Голема полициска акција се одвива во Струмица. Според информациите на Нетпрес уапсени се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник. Тој во јавноста е познат по брканицата со македонската полиција откако го открија како криумчари цигарипреку македонско- бугарската граница
Иако за таквото дело беше предивена построга затворска казна, екс градоначалникот одлежа само неколку месеци затвор. Подоцна тој го прошири бизнисот во енергетскиот сектор, но и со отварање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана, по претходно издадени лиценци од Владата.
Според информациите од упатените, производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија, но и пошироко во регионот.