Од вчера изутрина на островот се претресени десетици куќи што им припаѓаат на блиски соработници на мафијата.

Месина Денаро се смета за „кум“ на Коза Ностра во Сицилија, една од најголемите мафијашки организации во Италија. Тој во отсуство е осуден на доживотен затвор за убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино, кои во 1992 година беа убиени во двата бомбашки напади, заедно со нивните телохранители, како и за други убиства.

Месина Денаро (56) е во бегство од 1993 година.

-Шефовите на мафијата може да ги напуштат своите родни градови, но еден ден тие дефинитивно ќе се вратат, изјави обвинителот за борба против мафијата, Федерико Кафиеро за радио „Раи 1“.