Медиумите информираат дека улиците и метро-станиците во Киев се преплавени со вода поради силниот дожд, а градот е заглавен во сообраќаен метеж.

Во поплавите кои зафатија делови од западна Европа загинаа најмалку 189 лица, а стотици се водат за исчезнати. Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а многумина сè уште немаат пристап до електрична енергија и вода за пиење.