Густ црн чад се шири од Железара кон центарот на Скопје. Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје вели дека пожарот е на Смилковско езеро, но веќе е под контрола.

„Горат трска и гуми на Смилковско езеро. Пожарникарите веќе интервенираат“, кусо изјави командантот „Томевски“ за „Макфакс“.

Чадот се забележува и од Центар, а жители на Автокоманда се пожалија дека се чувствува и смрдеа.