Ѓорѓиевски им се заблагодари на чаирчани
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва им се заблагодари на граѓаните на Чаир за поддршката и довербата што му ја укажале во првиот изборен круг. „Денот го завршуваме меѓу чаирчани – со гордост и енергија за најдоброто што доаѓа“, изјави тој.
Планови за Чаир и целиот град
Ѓорѓиевски истакна дека неговиот тим има конкретен план за подобрување на животот во Чаир и пошироко во Скопје. Меѓу приоритетите ги наведе изградбата на монтажна катна гаража и проширувањето на булеварот „Цветан Димов“, со цел конечно решавање на проблемот со паркирањето.
„Историска победа во Скопје“
Тој додаде дека Чаир ќе добие поддршка од градот каква што досега не видел и дека во вториот круг влегува со уште поголема мотивација и енергија. „Најдоброто допрва доаѓа“, порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека очекува историска победа во Скопје.
