На  средба со граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Промените зависат од вас!“, градоначалникот Тони Коњановски го изрази своето задоволство од напредокот што го направи локалната самоуправа во Битола во изминатите две години. Тој ја призна искрената поддршка што ја добиле досега и истакна дека има уште повеќе работа да се заврши заедно. Со оптимизам, тој ги увери присутните дека Битола веќе станува добро позната поради позитивните случувања што се случуваат во областа.

Градоначалникот Коњановски ја истакна и потребата од помош од централната власт за преземање на поголеми и позначајни проекти што ги бара Битола. За жал, ваква поддршка немаше. Но, за среќа за неколку месеци Владата ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, a  Коњановски со оваа нова администрација изрази надеж дека може да се постигне суштински напредок на поголемите проекти кои ќе имаат корист за развојот на Битола.

„Владата во заминување, Владата на ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз остави многу зијан, многу несработени работи. Така на нас останува да ги завршиме работите“, рече градоначалникот на општина Битола.

Тој посочи дека со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборувале за спортскиот комплекс во вредност од 10 милиони евра. Тоа е проект кој што Општината сама не може да го сработи потребна е помош и од централната власт.

„Во текот на денот имавме и интересни средби со целни групи, разговаравме со мојот еснаф, со здравството. Еден од столбовите на државата кој успеаја во овие неколку изминати четири години да се урниса до темел на непрепознатливост. Криминалните афери се видливи секој ден, тоа сите го знаеме“, појасни Коњановски.

Тој нагласи дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за доброто на граѓаните и ќе помогне во развојот на општините меѓу кои е и Битола.

Извор: Курир