-Ме радува што општина Центар ќе стане прватата општина која искористувајќи ги новите технолошки решенија на граѓаните ќе им понуди подобри решенија за паркирање кое овде поради големата фреквенција на возила е навистина голем проблем. Денеска во овој дел на улицата се спуштаат електрични кабли, потоа ќе се поставува нова атмосферска канализација во должина од еден километар и нов пампон и асфалт со должина од 8345 метри вклучувајќи ги и велосипедските патеки од двете страни на улицата. Исто така ќе се обележуваат новите пешачки патеки и ќе се вадат старите бандери кои ќе бидат заменети со нови канделабри и ЛЕД светилки, изјави Герасимовски.

Герасимовски појасни дека преку новите смарт решенија, смарт паркинг и паметно осветлување граѓаните преку мобилна апликација ќе добиваат информација за слободните паркинг-места на локацијата каде што се наоѓаат, додека паметното осветлување ќе се зголемува или намалува според движењето на самата улица. Така ќе се намали и годишната потрошувачка на електрична енергија за најмалку 60%.