Прв пат официјално дека е во тек процес поврзан со промена на снабдувач со топлинска енергија на домаќинствата во Автокоманда, дознав од писмото кое го примив на 06.12.2022 година од Урбаната заедница Автокоманда. Следниот ден на 07.12.2022 година, испратив писмено барање до директорот на АД ЕСМ – Подружница Енергетика Далибор Богдановски со кое побарав средба на која би присуствувал јас и преставници од Урбаната заедница, се наведува во писменото обраќање на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски до жителите на Автокоманта.

Неговиот Фејсбук статус погледнете го во продолжение:

Во писмото (кое го објавувам во прилог) истакнав дека поради сериозноста на темата барам средбата да се оддржи во рок од пет дена од поднесувањето на барањето.

Со жалење можам да констатирам и да Ве известам дека до денес 01.02.2023 година (среда) сеуште немам добиено никаков одговор на моето барање.

Како градоначалник сакам да истакнам неколку работи:

1. За мене е спорен начинот на кој се спроведени активности од страна на службите на Енергетика и ТЕ-ТО, без знаење, информирање и согласност од граѓаните кои се корисници на топловодно греење и имаат склучено полноважни договори за снабдување со топлинска енергија.

2. Општина Гази Баба и јас како градоначалник немаме никаква директна законска надлежност по однос на тоа кој снабдувач со топлинска енергија ќе ги снабдува домаќинствата во Автокоманда.

3. Барањата на граѓаните се и мои барања. И затоа ја имате мојата поддршка во остварувањето на Вашите права.