Првата работна акција започна со расчистување на депонираниот смет и градежен шут кој на диво се одлага на оваа локација.
Денеска со екипа од комуналното претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци со градежна механизација започнавме со отстранување на одложениот смет и градежен шут кој во огромни количини постои на дивата депонија во Новаци. Изминатите денови ги мапиравме сите вакви депонии на седум локации, и на истите ќе се интервенира во следниот период со цел да ја направиме општина Новаци чиста и здрава средина со нулта толеранција за диви депонии, рече Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци и додаде:
Во наредниот период работата на комуналното претпријатие ќе се интензивира покрај со расчистување на депониите и со чистење на вегетацијата по коловозите, чистење на речните корита и одводните канали како и одржување на хигиената на јавните површини во општината. Одржувањето на хигиената во општина Новаци е наш приоритет, бидејќи граѓаните заслужуваат да живеат во една чиста и здрава средина“, изјави Стевановски.