44 годишен маж (44) во ноќта помеѓу саботата и неделата околу 2 часот е убиен пред бензинска пумпа во населбата Нео Космос во Атина, откако бил изрешетан со над десет куршуми.
Како што известува грчката државна телевизија ЕРТ, убиениот Б.З. е сопственик на бензинска пумпа, убиен во своето возило кога напаѓачите пришле со автомобил и пукале во него со пиштол и калашников.
Медиумите информираат дека имало обид за атентат на сопственикот на пумпата во областа Пиреја. Од страна на полицајците која дошла на местото на настанот биле собрани повеќе од 40 чаури, а истрагата за мотивите за овој чин ќе продолжи. Управата за безбедност на Атика води прелиминарна истрага за крвавиот инцидент