Земјотресот кој 17 минути по полноќ ја погоди Албанија бил со јачина од 4,5 според Рихтеровата локална магнитуда.

Силниот потрес во Македонија го почувствувале граѓаните во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје.

Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, 173 километри југозападно од Скопје, на територија на Албанија.