Вработените во државните болници, во брзата помош, лекари, болничари, организирани од синдикатот, маршираа низ улиците во Атина, поминувајќи од премиерската палата, парламентот, а протестот го завршија пред Министерството за здравство, каде што побараа средба со министерот.
Претседателот на федерацијата вели дека е голем бројот на пациенти кои умираат приклучени на апарати вон Одделите за интензивна нега во болниците, а некои со денови чекаат слободен кревет.

Пред грчкиот Парламент со едноминутен молк и со поставен венец им изразија чест на, како што рекоа, 26 нивни колеги здравствени работници кои ги загубиле животите во битката со коронавирусот.
Од Федерацијата, освен исполнување на нивните барања пред Министерството за здравство побараа и средба со министерот, а откако добија негативен одговор, ситуацијата беше тензична бидејќи се обидоа, но безуспешно, да го пробијат полицискиот блок и насилно да влезат.